Перална / Хемиско / Дезинфекција

Во сектор перална, покрај класично перење на возило и усисување, кое се врши секојдневно, ги нудиме и следните услуги:

  • Welness перење
  • Хемиско чистење на седишта
  • Хемиско чистење на комплет ентериер и седишта
  • Перење и чистење фелни и раткапни

Сите од горенаведените услуги, се прават со високвалитетни и безбедни средства, како и дезинфекциони средства, кои придонесуваат за чистење и дезинфицирање на седиштата, ентериерот, во кој влегуваат теписони, страници и кровен дел, како и багажниот простор. Предниот дел од возилото е од особено значење, посебно воланот и дифузерите од климата, каде што најмногу се задржуваат бактерии, и на овој дел се посветува големо внимание.

Машините кои ги користиме, и за перење и за хемиско чистење, се професионални и сертифицирани за оваа намена.

Грижата и чистотата на вашето возило доверете ни ги нас, за да му го вратиме целокупниот изглед и сјај.