Постпродажен центар


Сервисен Центар

Olympia Motors е овластен сервисен центар за Opel и Chevrolet на територија на Македонија. Покрај услуги кои се однесуваат за одржување на возилата во гарантен рок, се занимаваме со поправка и сервисирање на возила вон гарантниот период.

Сервисниот кадар се високо образовани стручни лица со континуирана поддршка од група на специјалисти кои континуирано се дообразуваат во GM центрите ширум Европа. Сервисниот центар комплетно функционира врз база на нормите пропишани од страна на Европската GM Централа.


Продажба на резервни делови

Кај нас може да набавите оригинални резервни делови и опрема за брендовите Opel и Chevrolet.

Ќе Ви помогнеме при избор на деловите: врз основа на бројот на шасија, број на моторот или увид од наше стручно лице. Без разлика дали станува збор за клима уред, алармен уред, кровни носачи, носач за велосипеди, кај нас може да набавите се што е потребно за Вашиот автомобили.

Доколку се случи деловите да не се на лагер, истите ги испорачуваме во рок од неколку дена.

Гаранцијата на оригиналните делови вградени во нашиот сервисен центар е 2 години


Механика
Лимарија и Фарбара
Закажете сервис !