Мира Манева

“Ние како рент а кар компанија, со голем возен парк, имаме за цел да им понудиме на клиентите безбедни и стабилни возила, за тие да имаат безгрижни патувања. За оваа цел, од клучна важност ни беше да ги сервисираме возилата во професионален и стручен сервис, со кој ќе имаме добра соработка и разбирање. Нашите возила вообичаено се на пат, и поминуваат голем број на километри, сервисите кои ги правиме се и редовни и вонредни, и истите се водени од тимот на Olympia Motors.” Соработката која ја имаме, не е само во електро – механичкиот туку и во лимаро фарбарскиот сервис. Тоа за нас е поволност, затоа што возниот парк што го поседуваме е од различни брендови, а нивниот сервис е мулти бренд и не не ограничува. Секако тука е и можноста што тие соработуваат со сите осигурителни компании, па ни е олеснителна комуникација на сите 3 страни, а особено нам како клиент. Транспарентното работење го сметаме за уште еден плус, секогаш се отворени за комуникација, како и нивната индивидуалност и грижа за оптимизација на трошоците за сервисирање на нашиот возен парк. Одличната соработка трае со години и се надеваме дека така и ќе продолжи.”