Механика и електрика
за Opel и Chevrolet возила



Правилното одржување на возилото е еден од клучните елементи за негово беспрекорно функционирање како и долговечност на истото.
Olympia Motors е овластен сервисен центар за Opel и Chevrolet на територија на Македонија. Покрај услуги кои се однесуваат за одржување на возилата во гарантен рок, се занимаваме со поправка и сервисирање на возила вон гарантниот период.
Сервисниот кадар се високо образовани стручни лица со континуирана поддршка од група на специјалисти кои континуирано се дообразуваат во Opel и Chevrolet центрите ширум Европа. Сервисниот центар комплетно функционира врз база на нормите пропишани од страна на принципалот.
Во делот на механичарско – електричарскиот оддел, применувајќи ги одличните аналитички способности и континуираното надоградување на знаењето, ја имаме можноста за брзо и точно дијагностицирање на потенцијалниот проблем и отклонување надефекти за најбрз можен рок.
Нашиот обучен тим брзо и прецизно ги извршува поправките, а современите машини и апаратура се дополнителна гаранција за квалитетно завршена поправка.
- Редовно и тековно одржување на возила
- Вонредни сервиси
- Ремонт на мотори
- Сервисирање на клима уреди
- Монтажа на плински уреди
- Монтажа и балансирање на гуми
