Игор Димзов

“Нашата взаемна соработка со Olympia Motors датира од самите почетоци. Возилата кои ние ги поседуваме поминваат доста километри во текот на годината, и сервисирањето на истите е неопходно. Секако овој дел е комплетно препуштен на Olympia Motors, кои од наши соработници станаа наши пријатели.

Ние ги користиме сите услуги и од двата сектора, електро – механичарскиот и лимаро – фарбарски оддел. Нивното транспарентно работење и оректна услуга се само дел од причините зошто ние сме нивни клиенти. Делот со заменски возила е исто така една од клучните услуги која тие ја нудат, а за нас особено важна, кога возилото е на вонреден сервис и е потребно да се поправа во малку подолг временски интервал, заменското возило е секогаш добредојдено се со цел за непречено продолжување на нашите тековни работни обврски.

Отворени за разговор за секој нив предизвик и спремни за корекција, тие стојат на располагање секогаш за нас.”